Зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце

Водостоите на речиси сите реки во земјава се во рамките на просекот за ноември со исклучок на Вардар на мерното место кај Јегуновце каде се бележи зголемување на нивото за скоро половина повеќе од вообичаеното.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), речиси двојно намалување на водостојот, пак, има кај Крива Река на мерното место кај Крива Паланка, а повеќе од двојно на Сатеска кај Ботун.

Нивоата на трите природни езера се во рамките на повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Треба да знаете
Последни објави