Во Црна Гора уапсен еден од опозициските лидери

Претседателот на опозициското Движење за промени во Црна Гора и еден од лидерите на Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ е уапсен по налог на судот во Подгорица за предмет во врска со давање на мито.

Медојевиќ кој е пратеник во црногорското собрание е уапсен без да му биде одземен имунитетот.

Судот му одреди мерка притвор во траење од два месеци, поради тоа што одбил да сведочи за предмет формиран во специјалното државно обвинителство во земјата.

Медојевиќ беше уапсен синоќа по седницата во црногорското собрание.

Треба да знаете
Последни објави