Search

Шестмина возачи казнети бидејќи немале зимска опрема

Од седум сообраќајни незгоди што се случиле вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје во една имало тешко повредено лице,  во четири сообраќајки имало петмина лесно повредени, а во две е причинета само материјална штета.

Полицијата, пак, казнила 35 возачи бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и осум возачи бидејќи шест го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило и  двајца биле возачи почетници. Осум возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено и шест кои не поседувале зимска опрема во возилата. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 99 мандатни платни налози,  додека исто така 92 возила се подигнати со “Пајак”.

Треба да знаете
Последни објави