Search

Четири митови за бебешката храна во кои не треба да веруваме

Покрај доењето, по навршувањето на 6 месеци бебето започнува со пробување вкусови, односно со цврста храна. Постојат многу митови околу оваа тема, а ние одвоивме 4 кои не треба да се практикуваат.

1. Првата храна што бебето треба да ја има по мајчиното млеко или ад млекото е овошен сок

Педијатрите утврдиле дека сокот исклучително делува надразнувачки на бебешкиот систем за варење и може да предизвика алергиска реакција. Покрај тоа, соковите немаат многу хранлива вредност. Мит е мислењето дека содржат есенцијални витамини и минерали. Спротивно на ова верување, првиот оброк од немајчино млеко треба да биде овес или растителна каша. Во нив има значително повисока содржина на витамини, минерали и хранливи влакна, кои ќе го подобрат варењето и ќе се прошират перцепциите за вкус кај бебето.

2. Козјото млеко го штити бебето од алергии

Ова не е точно. Примарниот алерген е протеин од кравјо млеко. Бебето може да биде нетолерантно на тоа од раѓање. Протеините во козјото млеко имаат различна структура, но повеќе од 40% од бебињата и малите деца кои покажуваат неподносливост кон кравјото млеко, покажуваат нетолеранција и кон козјото. Испадна дека козјото млеко е соодветно за релативно мал број деца, вклучувајќи и за деца со манифестација на алергија на кравјо млеко, но до употреба може да се дојде само по прецизно изведени дијагностички тестови. Превенцијата од алергија на храна не се базира на елиминацијата на алерген во храната, туку на тренирање на организмот и имунолошкиот систем постепено и правилно да се започне преку мали дози.

До навршување на првата година од животот педијатрите советуваат на бебињата да не им се дава кравјо млеко, туку адаптирано.

3. Готовите бебешки каши се полни со конзерванси

Ова не е точно. Долгиот рок на траење на бебешките каши се должи на фактот дека детските каши се произведуваат во услови на целосна стерилност. Навлегувањето на микроорганизми кои можат да го променат квалитетот се случува кога теглата се отвора. Бебешките каши се стерилизираат при посебни услови, што овозможува да се задржат сите хранливи својства на производите од кои се подготвени.

Бебешките подготвени каши имаат и уште една предност, тие содржат додадени витамини и минерали, кои тешко можат да се дозираат во домашни услови.

4. Киселото млеко е одличен лек за запек

Киселото млеко содржи премногу протеини и сол, со што бубрезите на бебето се непотребно оптоварени. Освен тоа, не содржи толку големи количества витамини како што се тврди. Препораката е да се воведат млечни производи по осмиот месец од раѓањето, со 3,2 проценти масленост.

Многу подобро е да нудиме на бебето овошје и житарки во исхраната кога има ваков проблем, со цел да се развие осетот за вкус и да се регулира варењето. Хранливите влакна содржани во зеленчукот и овошјето, како модрите сливи и кајсиите на пример, можат да го нормализираат варењето по природен начин ако се работи за поголемо бебе.

Доените бебиња поретко страдаат од запек затоа што во мајчиното млеко се наоѓаат материи кои ја омекнуваат столицата.

Треба да знаете
Последни објави