Search

Тешко повреден моторџија во Арачиново

Момче од Арачиново било тешко повредено откако паднало од моторот што го управувало, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера во 20.30 часот на регионалниот пат Скопје -Куманово во Арачиново. Тогаш М.Р.(21)  управувајќи мотоцикл „Јамаха” изгубил контрола и паднал на коловозот.

Моторџијата веднаш со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентниот центар „Мајка Тереза”. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави