Стејт департментот ја одобри продажбата на ракетните системи во Полска

Американскиот Стејт департмент ја одобри продажбата на 20 мобилни артилериски ракетни системи во Полска за да ја зајакне безбедноста во тој регион и да ја модернизира својата војска, објави американската Агенција за безбедносна соработка и одбрана.

Минатата година, Полска побара да купи ракетни системи „ХИМАРС“, произведени од компанијата „Локид Мартин”.

Полскиот министер за одбрана, Маријус Блашчак, ја започна новата програма за модернизација на полската армија, вклучувајќи го и зајакнувањето на сајбер безбедноста, противавионската одбрана и ракетниот систем со долг дострел.

Се проценува дека набавката на „ХИМАРС“ и придружната опрема ќе чини околу 655 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави