Search

СКАНДАЛ- Јовевски: Телефоните во ЈОРМ прислушувани од 2016

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонските централи во Јавното обвинителство на Република македонија и во два хард диска се снимани сите комуникации, соопшти на денешната средба со новинарите државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.

Тој рече дека се испитува дали некој имал пристап до податоците, дали се изнесени и дали некој од надвор можел да пристапи до нив.

Отворена е предистражна постапка што ја води ОЈО Скопје. Со оглед тоа што ЈОРМ е во овие простории од 2013 година, ќе се утврдува дали податоците претходно се бришени.

Телефонската централа била набавена преку тендер и била сместена во посебна просторија во Јавното обвинителство. Централата за фиксна телефонија била инсталирана во 2013 година.

Во новата зграда каде што е Јавното обвинителство, сместени се и Основното јавно обвинителство и Вишото јавно обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави