Се ожени Квентин Тарантино

55 годишниот режисер Квентин Тарантино се ожени со 35-годишната израелска пејачка Даниела Пик во Лос Анџелес. Парот се запозна во 2009 година кога режисерот отпатува за Израел за да го промовира филмот „Inglorious Basterds“.

Врската ја започнаа седум години подоцна. Свршувачката ја објавија во јули, 2017 година.

Пред Даниела, Тарантино беше во врска со колешката Софија Копола, со која остана во пријателски односи.

Пик е ќерка на израелската поп пејачка Свика Пик.

Следниот филм на Тарантино, „Once Upon a Time in Hollywood“, е закажан за 2019 година. Филмот со Леонардо Дикаприо, Бред Пит и Марго Роби, се фокусира на убиствата извршени од Чарлс Менсон во 1969 година.

 

Треба да знаете
Последни објави