Над 100 затвореници побегнале од затвор за време на молитва

Околу 113 осуденици побегнале од затвор во западна Индонезија, откако го совладале чуварот за време на молитва, соопшти полицијата.

Бегството на 113 лица се случило синоќа кога сите 720 затвореници биле пуштени од келиите за да учествуваат во вечерната молитва. Полицијата наведува дека бегалците, во главно осудени за дела со наркотици, очигледно планирале бегство, пренесе АП.

Затворениците ја пробиле жичената ограда со тегови и метални шипки и избегале преку оризово поле. Во инцидентот, повреден е чуварот, а фатени се најмалку 26 затвореници. Полицијата трага по останатите.

Бегствата од затворите во Индонезија се чести. Минатата година повеќе од 440 осуденици побегнале од затоворот, исто така за време на молитва, додека во 2013 година за време на бунт побегнале околу 240 затвореници, меѓу кои биле и неколку осуденици за тероризам.

Треба да знаете
Последни објави