Масовно апсење на мафијашите во Италија

Италијанската полиција ѝ нанесе голем удар на мафијата во регионот на јужниот град Фоџа, со големата операција на апсење на осомничени врз основа на 30 судски налози, објави агенцијата АНСА.

Осомничените, наводно, се членови на мафијашките кланови Морети-Пелегрино-Ланза и Синеси-Франкавиљ. Меѓу осомничените лица се и десет затвореници кои се веќе зад решетки, се наведува во извештајот.

Тие, меѓу другото, се обвинети дека се одговорни за мафијашко здружување, изнудување и обид за убиство.

Во официјалните документи се наведува дека меѓу осомничените се и менаџери, поранешни менаџери и поранешен тренер на фудбалскиот клуб „Фоџа“. Овој клуб моментално е член на италијанската „Серија Б”.

Треба да знаете
Последни објави