Search

Македонски бизнисмени во Атина на средби со грчки колеги

Македонски бизнисмени во Атина на средби со грчки колеги

Делегација на Стопанската комора на Македонија денеска во Атина ќе учествува на еднодневен бизнис форум и и билатерални средби со грчки стопанственици. Бизнис форумот го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со Атинската трговско-индустриска комора во насока на интензивирање на економската соработка меѓу двете држави.

Во составот на делегацијата од Стопанската комора на Македонија ќе има претставници од компании од градежништвото, металната и прехранбената индустрија и трговијата.

Компаниите ќе имаат можност да ги презентираат своите интереси за соработка и можностите за инвестирање, а по завршувањето на официјалниот дел, ќе можат да остварат и директни средби со грчки компании од соодветните дејности.

Грција е втор трговски партнер на Македонија. Вкупната трговска размена на Македонија и Грција за периодот јануари – септември изнесува 748,1 милиони американски доалри и бележи пораст од 24,9 проценти во споредба со истиот период лани. Извозот е во вредност од 171,4 американски долари со пораст од 9,8 отсто споредено со периодот јануари – септември 2017 година, а увозот изнесува 576,7 милиони долари со пораст од 30,2 отсто.

Треба да знаете
Последни објави