Search

Димитров: Преку научените лекции со Бугарија и Грција да придонесеме за регионот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера и денеска во Будва учествуваше на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан, во организација на МНР на Црна Гора.

На состанокот се разменија мислења во врска со состојбата во процесот на ЕУ и интеграцијата на земјите од Западен Балкан. Дополнително, Димитров се осврна на зголемениот фокус на темата за отворени билатерални прашања и посебениот придонес што може да го даде македонската страна, преку пренесување на научените лекции од решените билатерални прашања со Бугарија и Грција. Димитров ја истакна важноста на самитот за регионот и политичката порака што ја праќа кон ЕУ за процесот на проширување и најави континуиран активен ангажман на македонската страна во неговата подготовка.

Димитров ја посочи 2018 како клучна година за регионот во контекст на евроинтеграциите и се осврна на важноста од регионалната соработка, како најсоодветен одговор на актуелните сензитивни моменти во ЕУ. Нагласи дека научените лекции од изминатите неколку години се најдобар показател дека зголемувањето на заемната доверба, добрососедските односи и засилена економската соработка резултираа со поголема поврзаност на регионот и создавање подобар впечаток на истиот.

Треба да знаете
Последни објави