Search

Двајца Турци повредени во сообраќајката кај МАНУ

Двајца скопјани и двајца турски државјани биле повредени утрово во сообраќајката кај МАНУ, информираше МВР.

Според полицијата, незгодата се случила околу 5.40 часот на булеварот Крсте Мисирков.

Тогаш автомобил „Ауди А4“ управуван од В.А.(32) од Скопје се судрил со автомобил „фолкваген“ што го управувал Б.К.(65), исто така од Скопје. Во судирот тешко биле повредини Б.К. и сопатникот А.Ѓ.(61) од Турција, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со лесни повреди поминал возачот на „аудито“ како и сопатничката во „пасатот“, С.Ѓ.(54) од Турција. В.А. бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, додека С.Ѓ. била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави