Search

Во Крива Паланка изложба на дела од Лесновската ликовна колонија

Делата од годинашната Лесновската ликовна колонија, 27-ма по ред, се изложени во фоајето на Националната установа Центар за култура, Крива Паланка. Изложбата е дел од годишната програма на НУЦК, Крива Паланка поддржана од Министерството за култура, а е резултат на успешната соработка со Домот на културата,„Злетовски рудар”, Пробиштип.

-Колонијата е традиционална, нашата установа ја реализира 27 години, и се вбројува меѓу најстарите во државата. Годинава се одржа од 25 јуни до први јули, учествуваа 16 автори, а доминираа странските уметници. Учествуваа автори од Србија, Русија, Бугарија , Англија и Македонија, за наше големо задоволство и вашата Кривопаланка, Христина Стојчевска, која редовно ја збогатува збирката на колонијата, изјави Марија Трајчева, директорка на Дом на културата “Злетовски рудар”, Пробиштип.

Изложени се 25 дела од вкупно создадени триесетина годинава, по слободна тема, со мотиви од убавината на Лесновскиот манастир, од архитектурата на Лесновскиот крај, на Лесновскиот кратер, сите афирмирајќи го и промовирајќи го целиот регион.
Лесновската ликовна колонија содржи збирка од над илјада дела создадени во изминатиот период , а се реализира со финансиска поддршка на општина Пробиштип.

Треба да знаете
Последни објави