Во Центар издадени нови 7 решенија за отстранување на урбана опрема

Секторот за инспекциски работи на општина Центар во изминатиот период врши засилени контроли и инспекции, особено на локациите каде има поставено дива и нелегална урбана опрема (затворени тераси, маси, столици…).

Издадени се седум нови решенија за отстранување на урбаната опрема на правни лица кои се наоѓаат на територија на општината. Решенијата се веќе дадени на понатамошна обработка, а согласно законската регулатива во Република Македонија, правните лица имаат определен рок во кој самите треба да постапат по решенијата и да ја отстранат урбаната опрема. Доколку не го сторат истото, општината ќе постапи по решенијата, во рамките на својата законска ингеренција.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, уште еднаш апелираат до сите засегнати страни и правните лица да се придржуваат до и да ги почитуваат правилата и процедурите за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема и заградување на просторот.

Треба да знаете
Последни објави