Search

Осигурителните компании ќе исплатат над 10 милијарди долари поради пожарите во Калифорнија

Штетата од неодамнешните шумски пожари во Калифорнија, осигурителните компании ќе ги чини повеќе од 10 милијарди долари, процени германската фирма за реосигурување „Минхен Ре”, која исто така финансиски ќе биде погодена од огнената стихија.

Кабинети на независни експерти проценија дека штетата која ќе треба да ја покријат осигурителните компании ќе изнесува меѓу 10 и 15 милијарди долари, изјави Јоаким Венинг, директор на тој германски гигант во областа на осигурувањето.

Венинг посочи дека американската фирма РМС на 19 ноември ја проценила штетата во Калифорнија на 10 до 13 милијарди долари.

„Минхен Ре”, чија основна задача е поддршка на осигурителните компании при ризик, би требало да им исплати неколку стотина милиони евра поради пожарите, но не планира тоа да биде повеќе од половина милијарди евра, истакна Венинг. Целта на таа германска компанија е да стекне нето бенефит од 2,1 до 2,5 милијарди евра оваа година.

Треба да знаете
Последни објави