Search

Акциска контрола во Тетово и Гостивар за непрописно престигнување

Полицијата спроведе акциска контрола во Тетово и Гостивар за санкционирање возачи кои непрописно престигнуваат.

„Во акцијата во Тетово контролирани се 40 возила, од кои 20 непрописно престигнувале, а за што биле изготвени 18 мандатни и два прекршочни платни налози. Со контролата во Гостивар биле опфатени 22 возила. 14 од нив непрописно престигнувале“, соопшти МВР.

На прекршителите изготвени им се прекршочни платни налози.

Треба да знаете
Последни објави