Ученици мачеа сириско момче, го полеваа со вода, го удираа и влечеа

На бегалец (15) од Сирија школските колеги  насилно му сипале вода во грлото, го тепале, го влечеле по подот и го стегале за вратот на школското игралиште во Хадерсфилд.

Тоа се случило пред еден месец, а шокантната слика сега се прошири и на социјалните мрежи. Исто така, почна да се собира помош за момчето од снимката и досега се собрани околу  175.000 евра.

Момчето Џамал избега од градот Хомс во Сирија, кој беше окупиран од мај 2011 до 2014 година. Нападот го снимаше трет ученик и може јасно да се види дека Сириецот веќе има гипс на раката, можеби поради претходниот напад од страна на школските колеги. На видеото се слуша како напаѓачот му вика на момчето: „Ќе те удавам!”

По нападот, Сириецот тивко ја напуштил групата на насилници. „Дејли мејл“ пишува дека некои од коментарите наведуваат дека насилникот бил избркан од училиштето, а, наводно, бил испитуван и од страна на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави