Укинат летот Белград-Пекинг

Kинеската авиокомпанија „Хаинан ерлајнс“ ја укина линијата Белград-Пекинг, а последниот лет на оваа релација беше реализиран во понеделникот, пишува „Политика“.

Српскиот весник наведува дека од аеродромот „Никола Тесла“ соопштиле дека кинеската авиокомпанија ја известила управата дека ги укинуваат летовите од Пекинг поради малиот број на патници.

„Хаинан ерлајнс“ лани одлучи да ја продолжи пстоечката линија Пекинг-Прага до Белград. Линијата беше воспоставена на 15 септември лани со два лета неделно.

Треба да знаете
Последни објави