Новиот Поаро ги загуби своите познати мустаќи, но и белгискиот акцент

Постојат две работи кои луѓето ги асоцираат на Херкул Поаро – екстравагантните мустаќи и тешкиот белгискиот акцент.

Сепак, адаптација на Би-би-си целосно го измени ликот од романот на Агата Кристи и еден од најпознатите детективи на сите времиња.

Џон Малкович (64) се најде во улога на еден малку поинаков Поаро.

Би-би-си подготви нова верзија на „Убиства по азбучен ред”, која Поаро го покажува сосем поинаку од она што сме навикнати да го гледаме.

„Во нашата верзија, Поаро живее во Англија 20 години и успеа да не изгледа како странец и зборува англиски јазик како што зборуваат Англичаните“, објасни Малкович.

Актерот призна дека му било тешко да работи на адаптацијата на „новиот” Поаро.

„Обожавателите на Агата Кристи и Поаро можно е дури и да ја замразат оваа верзија, не сум сигурен како ќе реагираат“, рече Малкович.

Новиот филм ќе се занимава и со историјата, вклучувајќи ја и сексуалноста на Поаро. Белгискиот  детектив е познат како доживотен ерген, а некои шпекулираа за неговата врска со капетан Артур Хестинг, кој се појавува во многу романи.

„Во сценариото, еден од многуте полицајци кои не го сакаат Поаро коментира дека детективот не е склон кон жените„, рече Малкович за „Радио тајмс“.

Треба да знаете
Последни објави