Изгореле два автомобила во гаража во Кисела Вода

Два автомобила изгореле во пожар што ноќеска се случил на улицата Димо Хаџи -Димов бр. 123 во скопската населба Кисела Вода, јавува МИА.

Пожарот избувнал во гаража на зграда, а Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенирала со 11 пожарникари и четири возила. Пожарот бил пријавен во 2.30 часот, а гаснењето траело до 5.40 часот.

Во пожарот е причинета материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Треба да знаете
Последни објави