Првата дама на САД, Меланија Трамп, досега веќе навикнала секој нејзин потег да наиде на критики од целата јавност која не гласа за Републиканците, но веројатно не ни помислила дека овој пат тоа ќе биде божиќната декорација.
Имено, нападите започнале веќе истиот ден кога Меланија се пофалила дека самата го дизајнирала концептот на декорацијa чија главна тема е “богатството на Америка”, а низ која видливо се провлекува хуманитарната кампања посветена на децата “Be Best”.
Колоните од црвени елки послужиле како инспирација за “Хорор приказната на Меланија”.
Еден од коментарите гласи: “Сфатив! Меланија всушност вежба за серијата во која ќе глуми кога веќе нема да биде прва дама, а која ќе се вика “Хорор во Белата куќа за Божиќ””.
Идеите за споредба на декорациите на Меланија со хорор филмови и асоцијациите на црвена крв само се ределе.А тука е и еден од јунаците од славните Симпсонови”