Search

САД бара ЕУ да воведе санкции за Русија

САД сакаат нивните европски сојузници да разгледаат воведување дополнителни санкции кон Русија поради состојбата во Украина, изјави денеска во Брисел американскиот специјален претставник за Украина, Курт Волкер.

– Ги охрабруваме нашите европски сојузници да разгледаат начини на кои би можеле да се спроведат дополнителните санкции, изјави Волкер.

Тој нагласи дека во овој момент Германија и Франција не разгледуваат воведување нови санкции кон Русија, но дека со текот на времето работите може да се променат.

Можност за воведување дополнителни санкции кон Русија поради задржувањето на трите украински брода во неделата, вчера најавија неколку европски лидери.

Треба да знаете
Последни објави