Протести во Тунис поради посетата на Саудискиот принц

Саудискиот принц Мохамед бин Салман синоќа пристигна во посета на Тунис, држава што ја одбележаа протести против неговата улога во јеменската војна и репресијата во Саудиска Арабија.

Салман е еден од првите членови на саудиското кралско семејство кои доаѓаат во посета на Тунис по револуцијата во 2011 година. Тој се сретна со тунискиот претседател, Беј Каид Есебси, при што вечераше со него и со премиерот Џосеф Кахед, пренесе „Франс прес“.

„Саудискиот принц во Тунис не е гостин, тој е дома“, рекол Есебси.

„Не можев да дојдам во Северна Африка без да го посетам Тунис. Тунискиот претседател ми е како татко“, рекол саудискиот принц, пренесе „Ројтерс“.

Од Кабинетот на тунискиот претседател соопштиле дека двајцата лидери разговарале за начините за јакнење на соработката на военото и на безбедното поле.

По посетата на Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет, каде што тамошните власти му ја дадоа својата поддршка на саудискиот монарх, стотина Тунижани го пречекаа со повици: „Избркајте го убиецот“, сметајќи го за одговорен за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

По Тунис, принцот Салман ќе замине на самитот на Г20 во Аргентина.

Треба да знаете
Последни објави