Search

Поради пожарите кои беснеат во Австралија евакуирани околу 8.000 лица

Властите во австралиската сојузна држава Квинсленд денеска прогласија евакуација на околу 8.000 лица, поради пожарите што беснеат во тој дел на Австралија.

Властите информираа дека во Квинсленд во моментов горат над 130 пожари, поради што веќе е прогласена вонредна состојба во окрузите Гејсмеир и Станвел.

Во источните и централните делови на Квинсленд нивото на опасност од пожари првпат е зголемено на највисокиот, „катастрофален” степен.

Поради пожарите, чие ширење е потпомогнато од сувото време и силните ветрови, затворени се над 35 училишта и пет детски градинки.

Пожарите во Квинсленд почнаа кон крајот на минатата недела и досега уништија неколку објекти, но нема информации за жртви.

Треба да знаете
Последни објави