Search

ГДУ: Решете го проблемот, не е битно во чие време било позагадено

Граѓанско-демократската унија (ГДУ) преку соопштение порача да се престане со меѓусебните обвинувања и да се најде решение за проблемот со загадувањето.

„Додека граѓаните се гушат од загадениот воздух и секојдневно бараат помош и апелираат надлежните нешто да сторат, градоначалникот Шилегов си игра игри на мобилниот телефон. Заменик-министерот за животна средина, Макрадули, пак, очигледно го фаќа дремка од темата загадување. Министерот Дураку јасно ни кажа дека со граѓаните не се занимава. Е, па, господа, за ова ли ја баравте довербата од граѓаните? И уште да нè убедувате дека светските медиуми излажале кога објавиле дека Македонија е најзагадена во Европа. Не, никој не лаже, секој ден дишеме отров, илјадници луѓе умираат од загадувањето“, наведува ГДУ во соопштението.

Од партијата велат дека ова е еден од најважните проблеми за кој треба да се дискутира и каде не треба да се меша политиката.

„Очигледно оние кои многу ветуваа пред избори покажаа дека не се способни. Исто како и претходниците кои жестоко ги напаѓаа. Доста е од мудрување и од обвинување, кој е виновен за загадувањето, кога било позагадено, дали кога ДПМНЕ била на власт или сега кога СДСМ е на власт. Се гушиме со години наназад и никако да се справиме со проблемот“, порача ГДУ.

Граѓанско-демократската унија додава дека неопходно е да се побара странска помош. Оттаму оценуваат дека состојбата е алармантна.

Треба да знаете
Последни објави