Русија постави против-авионски ракетни системи на Крим

Русија ќе ја засилува својата одбрана на Крим со распоредување на повеќе против-авионски ракетни системи, изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, Вадим Астафјев.

Тој рече дека Русија на Крим ќе додаде уште еден систем С-400 на веќе постојните три кои ги има на Крим, објави АП.

Претходно, претседателот на Украина, Петро Порошенко, рече дека Русија драстично го зголемила своето воено присуство на границата со Украина.

Тој рече дека неговата земја е загрозена од војна со Москва.

„Бројот на тенкови во базите по должина на границата е тројно зголемен. Бројот на воени единици распоредени по должината на границата драстично се зголеми”, изјави Порошенко, но не прецизираше во кој период се случило тоа.

Тој, исто така, повикувајќи се на разузнавачки информации, изјави дека е зголемен и бројот на руските воени бродови во Азовското Море и дека руската војска го зголемила своето присуство на Крим.

Треба да знаете
Последни објави