Порошенко има порака за Путин кој сака лично да му ја пренесе Трамп

Украинскиот претседател, Петро Порошенко, според тамошните медиуми имал порака за рускиот претседател, Владимир Путин, која сакал лично да му ја пренесе американскиот претседател, Доналд Трамп, на претстојниот самит на Г-20 во Аргентина.

„Ве молам господине Путин, оставете ја Украина”, се вели во пораката Порошенко.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно изјави дека би можел да го откаже состанокот со рускиот претседател, Владимир Путин, на самитот на Г-20 во Аргентина. Тој се двоуми за средбата по поморскиот судир меѓу Русија и Украина.

Трамп за „Вашингтон пост“ рекол дека очекува целосен извештај од својот тим за национална безбедност во врска со руската заплена на три брода на украинската морнарица и апсењето на нејзиниот екипаж.

Трамп рекол дека потоа ќе донесе одлука дали ќе има средба или не. „Можеби нема да имам состанок. Не ми се допаѓа таа агресија, воопшто не ја сакам“, рекол Трамп.

Двајцата претседатели треба да се сретнат на маргините на самитот на Г-20 во Буенос Аирес, што ќе се одржи в петок и в сабота.

Треба да знаете
Последни објави