Компанија со седиште во Калифорнија и Мелбурн одлучила да ги испрати вработените на Тајланд

Вработените во една компанија во Лидз ќе имаат подобри празници од многумина бидејќи компанијата ги испраќа да ги прослават Божик и Нова година на Тајланд.

Компанијата Logical Resources Sales and Technical Recruitement, која дејствува и во Калифорнија и Мелбурн, одлучила да ги испрати вработените на Тајланд и со тоа да ги награди зашто минатата година ги исполниле барањата на фирмата повеќе од очекуваното.

Патувањето на плажата Камала на Пукет во целост е платено од фирмата.

„Признанието на работа има моќ да промени животи, а тој став го имаме ние во оваа фирма со децении. Поставивме многу високи цели, а ова е само доказ колку бил страствен тимот за да ги исполни, пожртвуван и способен“, рекол директорот Роб Карлтон.

Сепак, патувањето на Тајланд не е новост за вредните вработени во оваа фирма. Претходните години биле на Ибица, во Барселона, како и на музичкиот фестивал Tomorrowland во Белгија.

Треба да знаете
Последни објави