Поради судири во Малезија уапсено 21 лице

Малезиската полиција соопшти дека 21 лице билo уапсеno за време на судири што избувнаа поради спорот околу преместувањето на индискиот храм во близина на Куала Лумпур.

Вчера во раните утрински часови дошло до тепачка кога група луѓе ги нападнале верниците кои се молеле во храмот Шри Маха Мариаман во централна Малезија. Другата група утринава возвратила кршејќи ги просториите на градежната компанија „MCT Berhad“, а запалила и неколку возила.

Подружница на компанијата поседува земја каде што се наоѓа храмот и е вклучена во правниот процес на преместување на сто години стариот храм.

Шеф на малезиската полиција, изјави дека уапсените се осомничени за учество во судирите со оружје и подметнување оган.

Треба да знаете
Последни објави