Search

Арсовски: Македонија е на дното во регионот по економскот раст

Ова е црна година за македонската економија, заклучи на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Тој рече дека ветувањата на власта оти секоја година ќе обезбедува економски раст од 5 проценти не се исполнети.

„Иако за оваа година согласно со буџетот самите тие предвиделе дека наместо 5 проценти растот ќе биде 3.2 отсто на БДП, факт е дека не успеаја ниту тоа да го реализираат. Реалната црна слика во моментов е дека растот на економијата оваа година нема да биде повеќе од 2.5 проценти. Не му е првпат да потфрли СДСМ бидејќи лани растот на БДП за 2017 беше 0 отсто“, рече Арсовски.

Опозицијата додава дека Заев и СДСМ неколкупати ги намалуваа проекциите за растот на економија, а ги намалија и ММФ, Европската комисија, НБРМ и Светска банка, бидејќи никој не верува во проекциите на СДСМ.

„Неспособноста на СДСМ е до толку голема што не можат ни своите проекции да си ги исполнат. Жално и срамота.
Македонија е убедливо на дното во регионот според растот на економиите. Сите околни регионални економии се со раст од над 4 проценти“, додаде Арсовски.

Според него, слабиот раст се должи на криминалното работење на власта, која ја интересираат единствено личните бизниси.

Треба да знаете
Последни објави