Search

Русите објавија видео од тројца заробени украински морнари

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави видео од тројца украински морнари заробени при запленувањето на бродовите во теснецот Керч.

На видеото, морнарите признаваат дека ја прекршиле руската граница.

АП забележува дека засега не е можно да се утврди дали на морнарите ја зборуваат вистината или можеби сведочат под присила, но пишува и дека јасно било дека еден од морнарите читал.

Претходно, руската агенција ТАС објави дека шефот на Службата за безбедност на Украина, Васил Гричак ги потврдил информациите за присуството на двајца воени контраразузнавачи на СБУ на бродови на украинската морнарица, кои беа заробени во неделата во Керч поради повреда на руската државна граница.

Украина вчера воведе воена состојба во земјата. Руската страна го нарече инцидентот кај Керч провокација, а ЕУ и НАТО повикаа на деескалација на ситуацијата.

Треба да знаете
Последни објави