Search

Пилот заспал на лет во Австралија и утнал каде да слета

Пилот заспал на лет во Австралија и утнал каде да слета

Авиокомпанија од Мелбурн соопшти дека покренала истрага против пилот кој заспал во кабина на товарен авион и за 46 километри го утнал австралискиот остров на кој требало да слета.

Компанијата „Вортекс ер“ соопшти дека пилотот бил сам во авионот (Piper PA-31 Navajo Chieftain) и дека со авионот управувал автопилот за време на летот од Девенпорт на северозападот на Тасманија, до островот Кинг во преминот Бас, кој ја разделува Тасманија од останатиот дел на Австралија.

„Вортекс ер“ наведува дека пилотот не сакајќи заспал и дека проблемот се појавил кога контролата на летање не можела да стапи во контакт со него. Авиокомпанијата соопшти дека пилотот безбедно слетал на островот Кинг.

Треба да знаете
Последни објави