На менаџерот на Трамп му се заканува 10 години затвор поради лажно сведочење

Поранешниот менаџер на кампањата на американскиот претседател, Доналд Трамп, Пол Манафорт, лажел за време на сведочењето во Федералното истражно биро, поради што сега му се заканува казна затвор до 10 години.

Ројтерс оценува дека тоа би можело да ја загрози истрагата на специјалниот советник, Роберт Милер за можното мешање на Русија во американските избори во 2016 година, што треба да се заврши во наредните неколку месеци.

Поранешниот менаџер на Трамп во август беше обвинет за банкарска проневера и прикривање на банкарски сметки.

Тој се изјасни за виновен за да ги избегне обвиненијата за перење пари, но меѓу другото како што се наведува во судскиот документ тој подоцна за време на сведочењето лажел.

Ројтерс наведува дека тимот на Милер и адвокатите на Манафорт се согласиле дека веќе нема причина да се одложува изрекувањето на казни, па така тој може да биде осуден сега и на 10 години казна затвор.

Милер го обвини Манафорт за користење 31 странска банкарска сметка за да избегне плаќање на милиони долари во даноци. Како доказ беше понуден луксузниот животен стил на Манафорт, за кој обвинителите тврдат дека би било невозможно за него да не извршил финансиска измама.

Треба да знаете
Последни објави