Морисон: Она што ни треба е повеќе учење, а помалку активизам во училиштата

Премиерот на Австралија Скот Морисон ги прекори учениците кои организираат протести против климатските промени.

„Она што ни треба е повеќе учење, а помалку активизам во училиштата“, рече Морисон. „Не ја поддржуваме идејата учениците да не одат на училиште за да учествуваат во нешто што може да се реши надвор од училиштето“, додаде тој.

Голем број на ученици во среда ќе ги напуштат училниците и ќе излезат на протести за да привлечат внимание кон недоволното ангажирање на политичарите во врска со климатските промени. Барањата на учениците вклучуваат откажување на планираниот рудник за јаглен во централниот дел на Квинсленд, како и целосна употреба на обновлива енергија до 2030 година.

Австралискиот премиер, исто така, наведе и неколку примери за тоа како владата се бори против климатските промени.

Организаторите на протестите одговорија дека доколку политичарите како Морисон преземаа мерки за спаравување со опасните климатски промени, тие не би морале да организираат вакви протести и да го жртвуваат своето образование.

Треба да знаете
Последни објави