Кинески професор под истрага дека извршил генетска мутација

Кинески универзитет соопшти дека итно ќе започне истрага против професор кој објавил видео-материјал на „Јутјуб“ каде објаснува дека извршил генетска мутација на близнаци кои се родиле на почетокот од годинава.

Универзитетот по наука и технологија во градот Сенчен во јужниот дел на Кина изјави дека дотогаш не било познато дека професорот го работел овој проект, а академикот бил отсутен од февруари без плата.

Овој проект претставува сериозно прекршување на академската етика и стандарди, велат од универзитетот.

Универзитетот објави соопштение откако професорот во петте видео-записи зборувал дека користи технологија за мутирање гени наречена CRISPR-Cas9, со цел да го промени генотипот на близначките.

Според професорот, процедурата, кој тој ја нарекува „генетски зафат“ или „генетска операција“, била безбедна и близначките се родиле здрави како и многу бебиња. Сепак, тврдењата не може да се потврдат поради тоа што професорот не водел писмена документација за истражувањето.

CRISPR-Cas9 е технологија со која научниците го употребуваат т.н метод „copy-and-paste“ со надеж дека ќе поправат генетски недостатоци и болести.

Сепак, овие методи се загрижувачки поради безбедноста и етичкиот пристап.

„Ако е вистина, овој експеримент е монструозен“, вели Јулиан Савулеску, директор на Центарот за практична етика при Универзитетот „Оксфорд“.

Треба да знаете
Последни објави