(Видео) Хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници

Хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници

Најмалку четворица војници загинаа, а еден е повреден кога турски воен хеликоптер се урна во населено место во Истанбул, јавуваат турските медиуми.

Според првичните информации, хеликоптерот паднал меѓу две висококатници во населбата Санџактепе и се распаднал на два дела. Зградите не се оштетени, пренесуваат локалните медиуми.

Некои турски медиуми пренесуваат дека во инцидентот има повеќе повредени.

Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, рекол дека се работи за тренинг-лет и дека не се познати причините за падот на хеликоптерот.

Сите надлежни екипи се на терен и во тек е истрага за причините за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави