Хрватски биолог неколку месеци поминал на островот на смртта

Хрватскиот биолог Горан Шафарек неколку месеци помина во областа каде живеат изолирани племиња во близина на островот Северен Сентинел во Индискиот Океан, каде неодамна домородците убија американски турист.

Хрватската експедиција на тамошните медиуми го раскажува искуството од средбата со овој мисериозен и опасел дел од земјинаа топка, каде ако не ве изедат крокодили и змии, тогаш ќе настрадате од стрелите на племето.

Сентинел е познат во светот како остров на смртта, остров од кој никој досега не се вратил. Тој е дел од Андаманските Острови, се наоѓа во заливот Бенгал во близина на Индија. Над 30.000 луѓе живеат на тоа тло со векови, кои не сакаат да имаат контакт со остатокот од цивилизацијата.

https://youtu.be/42oZ-sWG7Zg

Секој посетител го ,поздравуваат” со отрови стрели, а на островот последниве години е забрането да се доаѓа. Неодамна, на островот беше убиен Американецот Џон Ален Чау (27), а изминативе годинис е регистрирани и други слични убиства.

Андаманските Острови е област каде што движењето на странците е строго ограничено, но Шафарек вели дека е еден од истражувачите, кој имал можност да престојува во областа три месеци.

,Сите локални истражувачи со кои се дружевме нè предупредија на тој остров. Никој од нив никогаш не отишол таму, бидејќи знаел како ќе заврши. Бевме само во делот на островот каде што беше дозволено да се движиме.Но, остатокот од островот е недоприлив за странците. Честопати моравме да преминеме низ територијата на племето Јараве. Вооружените чувари мораа да нѐ чуваат заштитени, бидејќи можеше да нè нападнат”, објаснува Шафарек.

Сите овие племиња, како и оние од островот Сентинел, живеат како во камено доба. Нивното единствено оружје е нивниот лак и стрела, носат само ткаенина или не носат ништо, а некои антрополози тврдат дека дури и не знаат како да запалат оган. Но, племето на островот Сентинел сè уште живее.

,,Има километри и километри џунгла. Комарци, крокодили, да не речам кралска кобра и краит најотровната змија во  Азија, и бројни инсекти. Како преживуваат и остануваат таму, тоа е навистина неверојатно. Ако некој од странците и дојде таму, тоа племе веројатно ќе исчезне. Тие немаат имунитет на бактерии и вируси во нашиот свет. Пред неколку години дури беше забрането да се снима островот “, додава Шафарек.

Треба да знаете
Последни објави