Search

Русите ги испитувале притворените украински морнари

Руската федерална безбдносна служба (ФСБ) соопшти дека ги испитала украинските морнари притворени по инцидентот во керчската теснина.

ФСБ објави видео од сослошувањето, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

Претходно првите луѓе на НАТО и ЕУ побараа од Русија морнарите да бидат итно ослободени.

Руските сили вчера запленија три украински воени брода наведувајќи дека нелегално навлегле во руските територијални води. Киев тврди дека нивните бродови не направиле ништо лошо и ја обвинува Москва за воена агресија. Украинскиот претседател, Петро Порошенко, денеска потпиша указ за воена состојба во земјата.

Треба да знаете
Последни објави