Лекови и весници од Србија пристигнаа на Косово

На Косово утрово пристигна одредено количество на лекови и весници, пишува РТС. Според нивните информации весниците не биле доставени до киосците, тие биле разделени пред зградите, оставани во поштенски сандачиња или пак пред вратите на становите.

Леб, млеко и млечни производи од централна Србија не пристигнуваат во Звечан веќе четири дена, бидејќи Приштина воведе царини од 100 отсто. На пазарите за време на виканедот немаше продавачи на месо од селата на Копаоник. Има се поголем и поголем недостаток на лекови, а најлоши се резервите на кислород, објави новинарката на РТС.

Голем дел од здруженијата оценуваат дека на Косово му се заканува тешка социјална ситуација. Како што пишуваат тамошните медиуми, едно од здруженијата кое веќе 17 години се труди да на најзагорените жители на Косово да им обезбеди парче леб, сега како што соопштија оттаму имаат резерви од брашно за само уште десет дена.

Тие за РТС изјавија дека во народната кујна во последниве неколку дена се јавиле и нови корисници кои бараат помош, бидејќи сега тие не можат да платат за храна по новите цени.

„Тоа се семејства со многу деца”, вели претседателката на здружението и предупреди дека ако не успеат да увезува брашно, народните кујни ќе бидат затворени.

Треба да знаете
Последни објави