Search

Иниеста за најцрната дамка во историјата на Примера: Тоа беше радикално и неподносливо

Икер Касиљас изминатава недела говореше за фудбалската „војна“ која ја предизвика Жозе Мурињо со својот пристап на „Ел Класико“ пресметките меѓу Барселона и Реал Мадрид, немир кој владееше цели три години во Примера, периодот кој всушност португалскиот стручњак го мина во шпанската престолнина и кој добар дел од јавноста на Пиринеите го нарекува најцрн во историјата на Ла Лига.

Неколку дена по изјавата на Икер, со своја верзија на оваа тема излезе и Андрес Иниеста, кој слично како и Касиљас, ги осуди постапките на Мурињо кои според него внеле голем немир во шпанската фудбалска репрезентација.

– Не е потребно да бидете од Барса или Реал за да сфатите дека ситуацијата беше жална. Главната компонента во таа историја беше Мурињо. Тоа беше радикално, веќе не беше старото ривалство кое го знаевме, гледавме нешто повеќе од тоа. Имаше омраза. Владееше таквиот амбиент и тоа беше неподносливо. Тензијата на релација Реал-Барса направи голема штета на селекцијата, но и на дел од играчите, – се потсетува Иниеста.

Треба да знаете
Последни објави