Еди Рама: Србија му заби на Косово нож во грбот

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека воведувањето на таските за увоз на производите од Србија во Косово не е економски потег, туку јасна политичка реакција и повик до Србија да се спушти на земја.

Рама вели дека Србија треба да сфати оти не треба да забива нож во грб, каков што бил случајот со спречувањето на Косово да стане членка на „Интерпол“.

„Тоа е несфатливо, бидејќи се работи за влез во институција која се бори против криминалот, а Србија во овој случај се бореше против тоа“, изјави Рама на заедничка прес-конференција со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

На прашање за можноста за корекција на границите помеѓу Косово и Србија, Рама не одговори директно.

„Сакам да ви кажам една работа, Хашим Тачи е претседател на Косово и командант на ОВК, па магаре е секој кој ќе подигне глас на него и ќе го нарече предавник“, рече Рама, а пренесе новинската агенција „ОНАСА“, повикувајќи се на медиумите во Приштина.

Треба да знаете
Последни објави