Search

Во организација на Асоцијација на менаџери на Македонија се оддржа ексклузивниот тренинг со Сем Вакнин

На 24-ти ноември 2018 година во просториите на Македонскиот народен театар во Скопје (МНТ), се оддржа ексклузивниот тренинг со проф. д-р. Сем Вакнин. Истиот беше во организација на Асоцијација на менаџери на Македонија кои редовно подготвуваат настани за професионален развој.

Интересот за самиот тренинг беше многу голем затоа што тоа беше првиот од таков вид во целиот свет. Присутните ја имаа можноста да учат за бихејвиористичките техники на продажбата од човекот кој е најквалификуван за тоа. По самиот настан тие ќе можат да постигнат „Експлодирање на продажбата“ доколку се придружуваат на советите.

Вратите да се надминат себеси се отворени на сите кои беа дел од тренингот. Воедно, секој кој сака да го негува својот кариерен пат може да се вклучи на Асоцијацијата на менаџери на Македонија со тоа што ќе ги контактира на  info@amm.com.mk.

Треба да знаете
Последни објави