Search

(Видео) Јансруд прв во супер-џи во Лејк Луис

Норвешката ски-машина, Кјетил Јансруд доминираше на супер-џи трката во канадскиот ски-центар Лејк Луис победувајќи го австрискиот ривал, Винсент Крихмаер, додека третото место го освои швајцарското изненадување, Мауро Кавиецел.

За 33-годишниот Јансруд ова е фантастична 12. победа во супер-џи во кариерата и вкупно 22. триумф од Светскиот куп во скијање.

Неговиот сонародник, Стиан Саугестад за малку ќе предизвикаше тежок инцидент, откако при неговиот спуст за малку ќе го удреше камерманот.

Треба да знаете
Последни објави