Според Pew Research Center, Грците најголеми шовинисти во Европа

Истражувачкиот центар Пју (Pew Research Center) непрофитна организација со седиште во Вашингтон, go испитувала степенот на распространетост на културниот шовинизам односно ставот кои жителите на 33 европски земји го имаат за супериорноста на своето културно наследство. Овој извештај е објавен на bigthink.com. Во истражувањето не биле опфатени Македонија, Косово, Албанија, Црн Гора и Турција.

Како што покажало истражувањето, најголеми шовинисти се покажале Грците, бидејќи 89 отсто од нив се убедени во супериорноста на нивната култура во однос на другите. По нив следат Грузијците и Ерменците со 85, односно 84 отсто. Потоа следат Балканците, Бугарите-69 отсто, колку што е процентот во Русија, па Босанците 68, Романците 66, Србите 65. Кај Хрватите, Словаците и Данците 44 отсто сметаат дека се посупериорни од другите.

Чувството на културна супериорност не е нужно врзана за економската моќ која одделна држава ја има што покажува примерот на најбогатата и најсиромашната европска држава, Швајцарија и Молдавија, кои имаат по 50 отсто шовинисти.

Најмалку шовинисти од овој тип има во Шпанија- 20 отсто,што е интересно, ако се знае дека нивните први соседи, Португалците- 47 осто сметаат дека се посупериорни од другите.

Треба да знаете
Последни објави