До кога детето треба да спие во бебешко креветче?

Ако не сте сигурни до кога малечките треба да спијат во креветче, еве што велат експертите по неодамнешното истражување.

Родителите кои не ги „тераат“ децата пред третата година од животот од креветче да спијат во кревет имаат поквалитетен сон, а и дечињата подобро спијат. Ова го открива новото истражување во кое учествувале негувателки од пет земји.

Резултатите покажале дека децата кои подолго спијат во креветче подоцна имаат помал отпор кон спиење во кревет, помалку се будат навечер и подолго спијат.

„Истражувањето во последната деценија покажува колку е важен добриот сон во животот, а особено во детството“,вели  водачот  на истражувањето.

Во претходни студии  тимот открива дека децата кои не се добро наспиени имаат проблеми во извршувањето на секојдневните задачи и полошо го контролираат своето однесување.

Вилијамс собрала податоци од 1.983 родители и негуватели на деца на возраст од 18 до 36 месеци, а кои живеат во Австралија, Канада, Нов Зеланд, Велика Британија и САД. Откриле дека повеќето деца преминуваа од бебешко креветче во кревет на возраст меѓу 18 и 24 месеци, во споредна со 34 проценти од оние кои спијат во креветче до 30 месеци и 13 проценти од оние кои спијат до 36 месеци.

Малечките кои одат порано на спиење побрзо заспиваат, поретко се будат во текот на ноќта и помалку се бунат кога треба да одат на спиење.

Педијатар вели дека родителите често го гледаат креветчето како кафез и дека брзаат да ги префрлат децата во кревет.

„Дечињата сакаат мал простор, така се чувствуваат побезбедно и поудобно. Ако обрнете внимание на децата додека си играат ќе забележите дека тоа најчесто го прават под маса или во поголеми кутии“, вели педијатарот.

Треба да знаете
Последни објави