Градоначалникот Георгиевски додели 82 решенија за субвенции за набавка на печки на пелети

Градоначалникот Георгиевски додели 82 решенија за субвенции за набавка на печки на пелети

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска додели 82 решенија за субвенции за набавка на печки на пелети. Барање за субвенции поднеле 83 баратели. Само еден барател е одбиен поради некомплетни документи, односно стара фискална сметка.

Георгиевски пред присутните посочи дека го радува фактот дека на секој јавен повик се пријавуваат се повеќе граѓани кои се одлучуваат да користат еколошки грејни тела и материјали.

  • Од општинската каса за оваа намена беа одвоени 3 милиони денари за 2018 година. Општина Гази Баба и во иднина ќе ја продолжи оваа мерка со која во континуитет ќе придонесеме за намалување на загаденоста на воздухот, рече Георигиевски.

Ова е една од мерките кои општина Гази Баба ги презема за зачувување на животната средина и намалување на загаденоста. И во идниот период, општина Гази Баба ќе продолжи да со реализацијата на еко акции и настани преку кои и директно ќе се влијае за оджување на чистотата на животната околина а особено врз подигниување на свеста кај граѓаните, дека сепак зависи и од нас каква средина на живеење ќе имаме.

Треба да знаете
Последни објави