Поранешен чувар во концентрационен логор обвинет за над 36 илјади убиства

Поранешен чувар во концентрационен логор обвинет за над 36 илјади убиства

Поранешен чувар на нацистичкиот концентрационен логор Маутхаузен, засега познат како Ханс Х. од правни причини, е обвинет за соучество во убиството на неколку десетици илјади затвореници од овој логор, соопштија германските обвинители.

Обвинителите веруваат дека Ханс Х. бил чувар во логорот од средината на 1944. до почетокот на 1945. година и дека учествувал во убиствата, пренесе Би-би-си.

Обвинетиот засега не се огласил по ваквата судска одлука, ниту пак неговите адвокати.

Најмалку половина од 190.000 луѓе кои биле однесени во Маутхаузен биле убиени, а судските власти се сомневаат дека Ханс Х. бил соучесник во најмалку 36.223 убиства, наведува Би-би-си.

Концентрациониот логор се наоѓал во Австрија, на 20 километри од Линц, а во него најчесто биле водени противници на нацистичкиот режим.

Треба да знаете
Последни објави