Барселона без Рафиња до крајот на сезоната

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона остана без својот играч од средниот ред Рафиња Алкантара до крајот на сезоната.

Според официјалната веб-страница на Каталонците, 25-годишниот Бразилец има скинат лигамент во левото колено. Врз него ќе биде извршен хируршки зафат и го очекува долгорочно заздравување.

Рафина се повреди во натпреварот од Ла Лига со Атлетико одигран синоќа во Мадрид (1:1).

Оваа сезона, Рафиња, најверојатно, нема да се врати на теренот. Тој од почетокот на првенството одигра осум натпревари и постигна еден гол.

Треба да знаете
Последни објави