Search

Окон ќе биде резервен пилот за „Мерцедес“ во 2019 година

Французинот Естебан Окон ќе биде резервен пилот во тимот на „Мерцедес“ во Формула1, потврдија од тимот. Окон (22) утре ќе ја извози последна трка како возач на „Форс Индија“ бидејќи од наредната сезона нговото место ќе го заземе Ленс Строл, синот на новиот шеф на тимот, Лоренс Строл.
Окон е дел од програмата на „мерцедес“ за млади пилоти и изрази надеж дека следната сезона, во која ќе биде помошник на Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе му помогне да се врати на стартната линија во 2020 година. Постои можност за тоа, бидејќи договорот на Ботас истекува на крајот на следната сезона.
Французинот на минатата трка за Гран При на Бразил предизвика инцидент, откако се судри со дотогаш лидерот на трката, Макс Верстапен кој остана без победа. Поради тоа за малку не дојде до тепачка меѓу двајцата возачи.
Треба да знаете
Последни објави